23-годишна девојка од Македонија е пронајдена мртва во стан во областа Неаполи во Солун, пренесуваат грчките медиуми. 

Нејзините родители подолго време не можеле со денови да стапат во контакт со неа. Тоа го вклучило алармот во семејството. Поради невозвратените повици и загриженоста, близок роднина заминал директно до станот во Солун во кој престојувала младата девојка. 

Ја пронашол девојката во објектот без знаци на живот, по што веднаш биле известени грчките надлежни служби и полицијата. 

На местото на настанот веднаш бил извршен првичен преглед од страна на медицинските лица за да се утврди дали станува збор за насилна смрт. 

Грчките служби и понатаму остануваат на терен и продолжуваат со преземање на сите потребни мерки за да се откријат точните причини кои довеле до оваа голема трагедија.

Exit mobile version