69-годишен државјанин на Грција бил пронајден починат во селото Ново Село, во општина Ѓорче Петров, додека бил на лов со пријатели.

Случајот бил пријавен во полицијата на 11 октомври, околу 17:40 часот. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, без видливи траги на насилство.

На местото бил извршен полициски увид, а по насоки на јавен обвинител, телото било предадено на обдукција за да се утврдат причините за смртта. Пушката што ја носел починатиот била подигната од увидната екипа за понатамошна постапка.

Exit mobile version