Трагедија во Прилеп: Загина жена откако автомобил удрил во нејзиниот електричен тротинет
Вчера во 15.11 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на ул.„Трајко Николоски“ во Прилеп, патничко возило „мерцедес” со прилепски регистарски ознаки, управувано од К.Д.(47) од Прилеп, удрило во електричен тротинет, управуван од В.П.(60) од Прилеп.
Во несреќата, В.П. се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Градската болница Прилеп, каде што во 17.45 часот починала.
Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.
13.09.2024 - 12:09
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа