Трагедија во Македонија: Загина пешак, откако возач со „шевролет“ удри во него

 

На 09.12.2023 во 21.10 часот било пријавено дека во Нов Дојран, на ул.„Маршал Тито“, патничко возило „шевролет“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од С.Г.(26) од Гевгелија, удрило во пешакот Д.Ѓ.(48) од Нов Дојран.

На местото на несреќата починал пешакот, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Гевгелија.

10.12.2023 - 13:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега