Припадник на Војската на Србија, кој бил распореден во рамките на мировните сили на ОН во Либан, им подлегна на повредите откако проектил ја погодил базата каде што бил стациониран српскиот контингент, соопшти Министерството за одбрана на Србија.
Настраданиот е идентификуван како постариот водник Милован Јовановиќ, на кого по ранувањето веднаш му била укажана итна медицинска помош во болницата во самата воена база.
Поради сериозноста на повредите, тој со хеликоптер бил итно префрлен во Универзитетскиот медицински центар во Бејрут, каде што починал околу 4 часот наутро по локално време.
Во истиот ракетен напад биле повредени уште двајца припадници на меѓународните сили – еден од вооружените сили на Република Ел Салвадор и еден од вооружените сили на Шпанија.
Јовановиќ, кој зад себе остави сопруга и две малолетни деца, е роден на 6 јуни 1989 година во Краљево, а во српските вооружени сили служел од 10 декември 2011 година.
Во мировната мисија на Обединетите нации во Либан, српскиот војник бил активен од јануари годинава.


