Close Menu
Press24
    Најново

    Кој е газдата што го плаќа ова: Скопјанец земал по 190.000 евра плата месечно

    21.10.2026 во 11:38

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21

    Утре ќе нема струја до 14 часот – Најавени исклучувања во повеќе општини

    20.10.2026 во 11:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Во речиси сите европски градови расте бројот на смртни случаи поради жештините
    • ЕУ бара Маск да ги врати неограничените услуги на Старлинк за Украина
    • Принцот Хари сака да се смири со кралското семејство
    • Сред бел ден фрла мебел и создаде депонија: Градоначалникот јавно ја објави
    • „Европска крв за американска нафта“: Чешки активисти протестираа пред амбасадата на САД во Прага
    • Во Словенија на сите вработени ќе им биде исплатен божиќен бонус
    • Ким Кардашијан се маскираше во својата ќерка Норт за Ноќта на вештерките
    • Историска казна за „Мета“: Суд во САД изрече глоба од 25 милијарди долари поради приватноста на Фејсбук
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Трагедија во Либан: Српски мировник загина по ракетирање на база на ОН

    Трагедија во Либан: Српски мировник загина по ракетирање на база на ОН

    04.06.2026 во 12:271 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Припадник на Војската на Србија, кој бил распореден во рамките на мировните сили на ОН во Либан, им подлегна на повредите откако проектил ја погодил базата каде што бил стациониран српскиот контингент, соопшти Министерството за одбрана на Србија.

    Настраданиот е идентификуван како постариот водник Милован Јовановиќ, на кого по ранувањето веднаш му била укажана итна медицинска помош во болницата во самата воена база.

    Поради сериозноста на повредите, тој со хеликоптер бил итно префрлен во Универзитетскиот медицински центар во Бејрут, каде што починал околу 4 часот наутро по локално време.

    Во истиот ракетен напад биле повредени уште двајца припадници на меѓународните сили – еден од вооружените сили на Република Ел Салвадор и еден од вооружените сили на Шпанија.

    Јовановиќ, кој зад себе остави сопруга и две малолетни деца, е роден на 6 јуни 1989 година во Краљево, а во српските вооружени сили служел од 10 декември 2011 година.

    Во мировната мисија на Обединетите нации во Либан, српскиот војник бил активен од јануари годинава.

    Прочитај повеќе

    Во речиси сите европски градови расте бројот на смртни случаи поради жештините

    21.10.2026 во 23:41

    „Европска крв за американска нафта“: Чешки активисти протестираа пред амбасадата на САД во Прага

    21.10.2026 во 22:20
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.