Трагедија во Куманово: Приколка од товарно возило усмрти маж

 

Шеесет и петгодишен жител на село Младо Нагоричане починал откако бил прегазен од приколка која ја превезувал со товарно моторно возило, соопшти денеска СВР Куманово.

Несреќата се случила вчера, околу 11 часот на крстосницата од улицата „Ѓорче Петров“ и крак од оваа улица во кумановската населба „Перо Чичо“.

- Л.Д.(65) од с. Младо Нагоричане, општина Старо Нагоричане, бил удрен од приколка и починал на местото. Тој со товарно возило влекач „ман“ со приколка со кумановски регистарски ознаки превезувал работна машина багер. На местото на настанот го запрел возилото и со сопатникот Љ.Б.(37) од село Бразда, започнале со истоварање на работната машина од приколката. Откако Љ.Б. влегол во багерот, Л.Д. останал надвор од возилото да му дава насоки да го спушти од приколката. Притоа, приколката се придвижила, при што влекачот удрил во паркирано патничко возило „форд“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од И.В.(47) од Куманово, кој се здобил со повреди, констатирани во болницата во Куманово. Во обид да го запре возилото, Л.Д. бил прегазен од приколката и од здобиените повреди починал на местото, информираа од полицијата.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а увид извршиле јавен обвинител, екипа од СВР Куманово и трудов инспектор. 

07.08.2024 - 10:34

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега