Close Menu
Press24
    Најново

    „Имам став“ – Средношколци денеска во Собранието

    05.03.2026 во 08:24

    Жена ограбена на автобуска во Скопје

    05.03.2026 во 08:18

    Бомба најдена во двор во Македонија

    05.03.2026 во 08:16
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • „Имам став“ – Средношколци денеска во Собранието
    • Жена ограбена на автобуска во Скопје
    • Бомба најдена во двор во Македонија
    • Хоџа на увид на инфраструктурни проекти во Струга
    • Придружниот вокал на „ДНК” раскажа за хоророт – Со сослушување сведоци продолжува судењето за „Пулс”
    • Денеска ќе се знае предлогот за нов член на Судскиот совет
    • Премиерот Мицкоски во работна посета на Штип
    • Внимателно на патиштата – АМСМ информира за состојбата
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Трагедија во Италија: Бојлер уби мајка татко и две деца

    Трагедија во Италија: Бојлер уби мајка татко и две деца

    05.02.2026 во 11:011 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Страшна трагедија ја потресе италијанската општина Лука, откако четири члена на едно семејство беа пронајдени мртви во нивниот дом во Поркари. Жртвите се таткото Арти Кола (48), мајката Јонида (43), нивниот 22-годишен син Хајдар и 15-годишната ќерка Џесика. Првичните информации укажуваат дека причина за смртта е истекување на јаглерод моноксид, најверојатно од неисправен бојлер.

    Алармот го покренала нивна роднина која не успеала да стапи во контакт со нив. По пристигнувањето на карабињерите и кршењето на вратата, тие се соочиле со драматична сцена и четири безживотни тела. Роднината која била со нив се онесвестила од гасот и е пренесена во болница во критична состојба, додека карабињерите поминале со лесна интоксикација.

    Градоначалникот на Поркари, Леонардо Форначиари, изрази длабок шок од настанот кој ја потресе локалната заедница.

    „Јавното обвинителство нареди запленување на куќата. Во наредните часови, карабинерите заедно со пожарникарите ќе утврдат дали бојлерот е регистриран, дали е правилно инсталиран и дали ги поминал потребните инспекции“, пренесуваат италијанските медиуми.

    Семејството неодамна се вселило во куќата која таткото, по професија молер, самиот делумно ја реставрирал со помош на пријатели.

    Популарно

    Министерот Тошковски стана татко по третпат – му се роди син

    04.03.2026 во 23:58

    САД открија кои четири цели на Иран мора да бидат збришани, авионите ќе удираат сè подлабоко

    04.03.2026 во 23:29

    Петок е неработен ден за сите граѓани – доаѓа продолжен викенд

    27.02.2026 во 09:37

    Макрон со апел до Нетањаху: Не влегувајте со војска во Либан, тоа е огромна грешка

    04.03.2026 во 22:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.