Трагедија во Хрватска: Камион налета на автомобил – загина 10-годишно дете

10-годишно дете загина, а неговите родители се борат за живот во тешка сообраќајна несреќа која се случи денеска на автопатот А1, кај Брње во Хрватска.

46-годишен возач на камион, државјанин на Босна и Херцеговина налетал на автомобилот во кој била полската фамилија која се враќала од одмор. Автомобилот бил застанат во најдесната лента на автопатот во моментот на несреќата, а засега не е познато зошто возилото било паркирано.

Возачот на камионот е уапсен и е во притвор.

07.09.2021 - 21:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега