Гостиварската полиција вчера имаше полни раце работа со неколку сериозни инциденти, од кои најтрагичниот е регистриран во селото Дебреше.
Вчера попладне, околу 18:15 часот, жител на Дебреше во полиција пријавил дека во шахта лоцирана во куќата на неговиот братучед го пронашол починат неговиот вујко А.Џ. (75). На местото на трагедијата увид извршиле Јавен обвинител и екипа на криминалистичката полиција. По наредба на обвинителот, телото на починатиот е предадено на обдукција за да се утврдат точните причини за смртта.

