Црна вест го потресе Дебар денеска претпладне. 40-годишниот жител на градот, К.С., го загуби животот откако паднал од станбена зграда во изградба на улицата „Братство Единство“, каде што извршувал работни задачи.
Инцидентот се случил околу 11:15 часот. Иако екипата на Итната медицинска помош веднаш реагирала, несреќниот маж починал на пат кон Општата болница во Дебар. Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, потврди дека случајот во полицијата е пријавен од страна на медицинските служби откако била констатирана смртта.

