Трагедија во Белград: Жена паднала низ прозорец од седми кат во зградата на Министерството за одбрана

 

При работа на редовно хигиенско одржување на зградата на Министерството за одбрана во Белград  денеска околу 10:00 часот, хигиеничарка С.С.(59) паднала низ прозорецот од седми кат.

„Екипата за итна помош веднаш го пренесе тешко повредениот работник во Ургентниот центар на Клиничкиот центар на Србија“, се вели во соопштението на министерството, пишува Н1.

Надлежните органи се на место за увид.

31.03.2023 - 12:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа