Трагедија во Белгија: Се урнало училиште- петмина загинати, има и повредени

Зградата на едно училиште во белгискиот град Антверпен се урнала за време на градежни активности, а во несреќата загинале пет, а повредени биле девет лица, соопштиле локалните власти.

По колапсот на градбата, на самото место дошле пожарникари и полиција со специјално тренирани кучиња, кои трагале по преживеани и ги извлекувале од урнатините пренесува "AP".

Од девет повредени тројца се на интензивна нега, петмина се хоспитализирани, а едно лице по прегледот било пуштено дома, било соопштено од пожарната единица.

На местото на несреќата биле и белгискиот крал Филип и премиерот на Белгија Александар де Кро.

Медиумите пренеле дека меѓу работниците ангажирани во градежните активности во училиштето имало и странски државјани од Португалија, Романија и Украина.

20.06.2021 - 14:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега