Трагедија во Белгија: Маж се удавил во канал додека се обидувал да си ги најде клучевите

 

 

Утрово во близина на кејот во белгискиот град Остенде, пронајдено е телото на маж кој се удавил во неделата вечерта, откако се обидел да ги извади клучевите што ги испуштил во каналот.

Според „Брисел тајмс“, несреќата се случила во близина на поморското училиште „Конинклијк Верк Ибис“ кога двајца мажи на возраст од 29 и 21 година се обиделе да ги извадат клучевите, поради што постариот маж се лизнал и паднал во водата.

Помладиот се обидел да го спаси својот пријател, но од силната струја и самиот паднал во водата. Минувачите брзо ја повикале Итната помош и успеале да го извлечат од водата 21-годишникот, кој потоа бил пренесен во болница во тешка состојба, што подоцна се стабилизирала.

Меѓутоа, другиот маж, жител на Остенде, бил однесен од струјата. Според белгискиот весник, спасувачите започнале потрага во неделата, но дури утринава успеале да го лоцираат телото.

04.09.2023 - 23:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега