Трагедија: Пронајдено починато 26-годишно момче од Скопје
Вчера околу 17,30 часот во СВР Скопје од страна на итната медицинска помош било пријавено дека на ул.„Патрис Лумумба“ во Скопје бил пронајден починат М.О.(26).
Според полицијата, лекар констатирал смрт без траги на насилство.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.
По наредба на Јавен обвинител телото е предадено на обдукција, соопштија надлежните.
26.11.2022 - 22:06
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа