Трагедија на регионалниот пат Р-1105: Загина маж, откако со автомобил излетал надвор од патот

На 01.06.2023 околу 10.35 часот било пријавено дека на регионален пат Р-1105, на патен правец од с.Јосифово кон с.Пирава, патничко возило „фиат уно“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Д.Ј.(56) од с.Пирава, излетало надвор од патот, информираат од МВР.

На местото на несреќата починал возачот Д.Ј.. Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт. Увид извршиле увидна екипа од Полициска станица Валандово и Јавен обвинител, по чија наредба телото е предадено на обдукција.

02.06.2023 - 12:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега