Трагедија на плажа во Хрватска - дедо и внук влегле во бурно море, бабата настрадала во обид да ги спаси

Во невремето кое во саботата го зафати островот Крк загина 52-годишна жена од Осјек во обид од бурното море да ги спаси сопругот и 10-годишниот внук.

Имено, дедото и внукот отседнале во некој од апартманите на плажата Плав. И покрај лошото време решиле да се искапат во бурното море.

Меѓутоа, набрзо после влегувањето во морето се соочиле со големи бранови и силни морски струи поради кои не можеле да излезат од водата. Кога видела дека внукот и сопругот ѝ се во опасност, жената скокнала во морето облечена да им помогне, но тоа за неа било кобно.

Дедото и внукот имале повеќе среќа затоа што двајца вработени во авто-кампот Јежевац успеале да ги извлечат на брегот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.10.2020 - 08:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега