Едно лице го загуби животот, а неколкумина се со повреди по тешка сообраќајна несреќа што попладнево се случи на патниот правец Кочани – Виница, пренесуваат локалните медиуми.
Според првичните информации, во судирот учествувале две патнички возила, „Мазда“ и „Фолксваген Поло“. Несреќата се случила околу 13:44 часот, а силината на ударот била кобна за едно лице кое починало на самото место.
Екипи на Итната медицинска помош веднаш пристигнале на теренот и ги пренеле повредените во Општата болница во Кочани за укажување лекарска помош. На местото интервенирала и противпожарната единица.

