Трагедија на Хаваите: Се удавија трудница и нејзиниот сопруг


Трудница и нејзиниот сопруг се удавиле додека биле на одмор на Хаваи, а нивниот 18-месечен син останал сирак. Брачната двојка е од државата Вашингтон, а тие настрадаа додека нуркаа.

Двојката беше пронајдена без свест во близина на северната страна на природниот резерват Ахихи-Кинау на Мауи.

Членовите на семејството го идентификувале парот како 25-годишниот Илја Царук и 26-годишната Софија Царук. Софија Царук била бремена, а парот имал 18-месечен син кој не бил со нив во моментот на нивната смрт, според страницата GoFundMe.

Пожарникарите и спасувачите реагирале на дојавата за пливачи во неволја во областа на 14 септември веднаш по пладне, според соопштението од противпожарната служба на округот Мауи.

Софија Царук беше пронајдена во несвест во водата на околу 100-150 метри од брегот, соопштија официјални лица. Спасувачите на џет ски ја донеле на копно на реанимација, а потоа се вратиле да го бараат нејзиниот сопруг.

Илја Царук беше пронајден на дното и исто така беше изнесен на брегот за да биде реанимиран, но и двајцата на крајот беа прогласени за мртви на местото на настанот, се вели во соопштението. Противпожарната служба на округот Мауи одби да коментира на прашањето дали полицијата го истражува инцидентот, а локалната полиција веднаш не одговори на барањето за коментар од американските медиуми.

20.09.2024 - 09:35

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега