Од почетокот на американско-израелските напади врз Иран во саботата, животот го загубија најмалку 192 деца ширум регионот, соопшти денеска УНИЦЕФ. Најголем дел од жртвите се регистрирани во Иран, каде воените дејствија оставија пустош во густо населените места.

Според податоците на организацијата, 181 дете е убиено во Иран, седум во Либан, три во Израел и едно дете во Кувајт. Од УНИЦЕФ испратија остра порака до завојуваните страни:

„Децата не започнуваат војни, но плаќаат неприфатливо висока цена за нив. Воената ескалација низ Блискиот Исток веќе има разорно влијание врз децата“, соопштија од организацијата.

Додека меѓународните организации алармираат за хуманитарна катастрофа, воените дејствија продолжуваат со несмален интензитет, оставајќи ги најмладите како најголеми жртви на политичките превирања.

Exit mobile version