Трагедија на Алпите: Загина скијач откако удрил во дрво


Скијач од Велика Британија ја напуштил патеката и со голема брзина удрил во дрво откако скршнал за да избегне група други скијачи во францускиот ски-центар Аворијаз во Морзине.

Спасувачкиот тим на планината бил известен за несреќата околу 15 часот по локално време.

Жртвата сè уште не е идентификувана, но се верува дека има 68 години.

Спасувачите ја нашле во несвест и покрај сите напори не успеале да ја спасат.

Скијачот бил прогласен за мртов на местото на настанот, пишува „Дејли Мејл“.

Аворијаз е едно од 13-те скијачки центри во регионот Portes du Soleil, врвна дестинација за љубителите на алпинизмот ширум светот што покрива делови од француските и швајцарските Алпи.

27.03.2024 - 10:37

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега