Триесет и четиригодишен маж од виничкото село Крушево загина во тешка сообраќајна несреќа што се случила ноќеска, кратко по полноќ.
Според пријавата во ОВР Виница (21.02.2026 околу 00:20 часот), М.М. управувајќи патничко возило „сеат ароса“ излетал надвор од коловозот на регионалниот пат на излез од Виница кон Берово. Возачот починал на самото место, а смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош.
Увидна екипа извршила увид, а по наредба на јавен обвинител телото е дадено на обдукција.


