Трагедија кај Требиње: Се качила на карпа да се фотографира, но паднала и починала
Триесетгодишна холандска државјанка денеска попладне загинала во местото Клобук кај Требиње, на границата меѓу БиХ и Црна Гора, откако паднала од карпа висока 12 метри, потврди портпаролот на Окружното јавно обвинителство во Требиње – Срѓан Вукановиќ.
Тој додаде дека со жртвата имало уште двајца странски државјани.
„Излегле на карпата да се фотографираат, еден од нив се лизнал и паднал од висина од 12 метри и починал на лице место“ – рекол Вукановиќ.
Тој додаде дека истрагата е во тек, а присуствува и дежурниот обвинител на Окружното јавно обвинителство заедно со полициски службеници од полициската управа Требиње.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа