Трагедија кај Струмица: Бебе загина во сообраќајка

Бебе загинало во сообраќајна несреќа која вчера попладне се случила близу Струмица.

Како што соопшти МВР, несреќата се случила во 12:50 на патот Струмица - Ново Село, помеѓу селата Босилово и Турново.

-Патничко возило „фолксваген поло“ со струмички регистарски ознаки, управувано од 40 годишната В.Д.Т. од село Стиник, општина Ново Село, излетало од коловозот. Од здобиените повреди починало бебе, кое било превезувано во возилото, а смрт констатирал лекар во Медицински центар Струмица. Со телесни повреди се здобиле В.Д.Т. и сопатничката С.Т.(49) од село Доброшинци, струмичко, велат од МВР.

Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа на СВР Струмица.

19.03.2024 - 12:07

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега