Трагедија ја потресе Србија - Марија убиена во својот автомобил, без мајка останаа малолетно девојче и бебе од 1 година

Веста за страшната трагедија - убиство и самоубиство - одекна во Панчево, но ја потресе и цела Србија. 41-годишниот Милан Ж. беше пронајден вчера во околу 15 часот мртво заедно со 31-годишната Марија С. во автомобил од марката „голф“.

На двете тела биле пронајдени прострелни рано во пределот на главата, се претпоставува дека прво Милан ја убила Марија, а потоа и самиот си пресудил. Во автомобилот бил пронајден и пиштол, калибар 7,65 милиметри, со кој најверојатно било извршено злосторството. Постои сомнеж дека тие двајца биле во врска.

Станува збор за голема трагедија бидејќи Марија зад себе оставила две деца - ќерка тинејџерка и бебе од кое има само една година. Марија потекнува од угледно семејство од Качарево, пишуваат српските медиуми и работела на неколку места, а предавала и германски во едно основно училиште.

Се омажила и се породила многу млада, немала ни 18 години, но тој брак не трале долго.

Трагедијата се случило во автомобилот на Марија, а што се случувало во него поточно ќе покаже истрагата. Нивните тела се испратени на обдукција која треба да покаже дали станува збор за убиство и самоубиство или е вмешан некој трет.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.10.2020 - 14:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега