Двајца рудари загинаа при уривање на тунел во рудник за јаглен во северозападна Шпанија, објави ДПА, повикувајќи се на локалните медиуми.
Уште едно лице е пријавено како исчезнато во инцидентот во шпанскиот автономен регион Астурија, но подоцна беше објавено дека успеало да избега од уривањето.
Еден од тунелите во рудникот се урна на околу километар и половина од влезот.
Причината за уривањето сè уште не е позната. Според синдикатите, рудникот ги исполнувал сите безбедносни барања, објави телевизијата РТВЕ.
Ова е втора фатална несреќа во Астурија оваа година. Во март, пет работници загинаа во експлозија во рудник за јаглен во близина на Дегана.

