Синоќа, околу 23:20 часот, на хрватскиот автопат А3 Брегана-Загреб-Липовац, се случила тешка сообраќајна несреќа во која загина едно лице, соопшти полицијата во Сисак.
Несреќата се случила во десната сообраќајна лента во правец кон Загреб, кога 28-годишен маж управувал камион со загрепска регистрација и удрил 33-годишна пешачка.
Поради силината на ударот, телото на жената било фрлено на левата сообраќајна лента, каде што починала на лице место.
Телото на жртвата е пренесено во Општата болница во Сисак за обдукција. Полицијата изврши увид на местото на настанот и ќе достави извештај до надлежниот државен обвинител.

