Драган Пароски познат како „чичко Драги од Рекорд”, утре ќе биде испратен во вечниот дом, откако почина на 72. годишна возраст по долго и тешко боледување.

Чичко Драги ќе биде погребан утре, четврток, на гробиштата во Ѓорче Петров. Посмртните останки ќе бидат изложени во капелата од 11 часот, јави Скопјеинфо.мк.

Поради здравствени проблеми го имаше изгубено гласот, па со луѓето комуницираше пишувајќи на лист хартија. Секогаш седеше покрај својата тезга со ластичиња, шноли, ланчиња и се грижеше за десетината кучиња со кои живееше – колку имаше за себе, толку имаше и за нив.

Пред три месеци беше покренат апел за помош за неговото лекување и купување храна за кучињата.

Минатиот месец, преку својот Фејсбук профил, им се заблагодари на граѓаните за донациите, напишувајќи: „Ветувам дека од болница ќе излезам посилен“.

Нека почива во мир.

Exit mobile version