Трагедија: 39-годишен маж пронајден мртов, имал повреда од огнено оружје
МВР информира дека денеска во 01.40 часот на самата крстосница помеѓу с.Радуша и с.Свиларе, скопско, полициски службеници од Полициското одделение Сарај во патничко возило „рено меган“ со пробни регистарски таблички пронашле лице без знаци на живот, со повреда од огнено оружје.
Како што информира МВР, по преземени мерки било утврдено дека станува збор за А.А.(39) од с.Никуштак, општина Липково.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. По наредба на Јавен обвинител, телото било предадено на обдукција.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштија од полицијата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа