Close Menu
    Најново

    Мамдани до Трамп: Не ти се плашам

    04.11.2025 во 21:18

    Двата автомобили возеле во иста насока: Се судриле близу Плетвар

    04.11.2025 во 20:57

    Се уште не им даваат плата: Протестите на „Паркови и зеленило“ продолжуваат

    04.11.2025 во 20:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Мамдани до Трамп: Не ти се плашам
    • Двата автомобили возеле во иста насока: Се судриле близу Плетвар
    • Се уште не им даваат плата: Протестите на „Паркови и зеленило“ продолжуваат
    • Вонредна состојба во Вашингтон
    • Очув силувал девојче: Мајка и’ знаела и молчела, не и помогнала
    • Претседателката го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година
    • Две лица загинаа, пет се повредени – фатална сообраќајка кај Прилеп-Росоман
    • Митева: ВМРО-ДПМНЕ повторно ја доби довербата од граѓаните
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Трајановски: Во Делчево се реализираат патни проекти вредни над 200 милиони денари

    Трајановски: Во Делчево се реализираат патни проекти вредни над 200 милиони денари

    25.09.2025 во 16:18
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Во Делчево и поширокиот регион во тек се повеќе значајни проекти за реконструкција и изградба на патна инфраструктура финансирани од Јавното претпријатие за државни патишта. Обиколка на теренот каде се извршуваат проектите денеска изврши директорот на ЈПДП, Коце Трајановски, заедно со стручен тим и заменик-директорот Александар Шуковски.

    -Се санираат делови од патиштата Р1302 (кон Пехчево) и Р2341 (кон село Габрово), како и девијацијата кај Црквенска река. За реконструкција на патот Р1302 се издвоени 20 милиони денари за поставување нов асфалт на површина од 10.200 м². За патот Р2341 се инвестираат 22 милиони денари за санација на 12.500 м² коловоз и банкини. За девијацијата кај Црквенска река се предвидени 6 милиони денари, а дополнително се изработува и проект за санација на мостот на овој потег, истакна Трајановски.

    Изведувач на градежните активности е ЈП „Македонијапат“, а вкупната инвестиција за 2025 година во овие три проекти изнесува 48 милиони денари.

    Трајановски најави дека годинава ЈПДП во овој регион планира да инвестира уште 155 милиони денари во реконструкцијата на делницата Звегор – граничен премин со Бугарија на патот А3.

    Како што посочи Трајановски, станува збор за 5,3 километри пат кој е во многу лоша состојба и кој наскоро, во текот на есента, ќе започне да се рехабилитира и ќе добие нов лик. Интервенцијата предвидува целосно стругање на постојниот асфалтен коловоз и поставување на нов асфалт, и тоа околу 31.000 м² прв слој и околу 55.000 м² завршен слој. Дополнително е предвидено изведување работи за растеретување од нестабилен карпест материјал, ќе се постави заштитна челична мрежа и целосно ќе се обнови патната сигнализација.

    -Безбедноста и квалитетот на патиштата се наш приоритет. Со овие инвестиции значително ќе се подобри патната инфраструктура во регионот и ќе се обезбеди побезбедно и поквалитетно патување за сите граѓани, изјави Трајановски при посетата на Делчево.

    Популарно

    Жени се тепале во Неготино: Една во болница, три во станица

    04.11.2025 во 11:36

    Брат ми се бори за живот, а човекот што проба да го убие шета во Грција: Граѓанин го прозва министерот Тошковски

    03.11.2025 во 17:59

    Како успеа Мицкоски да го исели Јакимовски од Карпош

    04.11.2025 во 12:01

    ЗНАМ: ВРЕДИ го изигра ВМРО-ДПМНЕ

    04.11.2025 во 09:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.