Товарно возило удри во возач на електричен тротинет

Вчера во 07.46 часот во СВР Скопје била пријавена сообраќајна несреќа.

Како што соопшти МВР, на ул.„Скупи“ во Скопје, товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.М.(56) од с.Долно Коњари, скопско, удрило во електричен тротинет управуван од Д.Т.(60) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на тротинетот констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, информираат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

29.11.2022 - 12:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега