Close Menu
    Најново

    (ФОТО) Хорор на патот: Целосно изгоре автобус на линијата Брус – Александровац

    26.12.2025 во 20:40

    Тажна вест за рок светот: Почина член на легендарните „The Cure“

    26.12.2025 во 20:30

    Ѓорѓиевски најави 40 нови камиони за „Комунална хигиена“: Скопје ќе се чисти со нова опрема до април

    26.12.2025 во 20:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • (ФОТО) Хорор на патот: Целосно изгоре автобус на линијата Брус – Александровац
    • Тажна вест за рок светот: Почина член на легендарните „The Cure“
    • Ѓорѓиевски најави 40 нови камиони за „Комунална хигиена“: Скопје ќе се чисти со нова опрема до април
    • Миленици на судбината: Овие два хороскопски знаци ги чува невидлива сила
    • Путин: Москва е подготвена за територијални отстапки во Украина
    • Напад со нож во париското метро: Најмалку три жени повредени
    • Голема полициска акција во регионот: Паднаа 32 лица за даночна измама тешка над 3 милиони евра
    • Паѓаат маските на 3 јануари: Првата полна месечина во 2026 година носи големи промени за сите знаци
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Тошковски: „Safe City“ ќе функционира неселективно, веќе се казнети три шофери на министри

    Тошковски: „Safe City“ ќе функционира неселективно, веќе се казнети три шофери на министри

    02.12.2025 во 11:56
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска нагласи дека системот „Безбеден град“ (Safe City) ќе функционира исклучиво на принцип на неселективност. Тој ја отфрли можноста за привилегии, изјавувајќи дека ниту еден функционер, вработен во институциите или возач на службено возило нема да биде изземен од санкции за сообраќаен прекршок.

    „Сејф сити единствено може да даде соодветен одговор ако прави до крај неселективност. Никој нема да биде исклучен,“ рече Тошковски.

    Тој потврди дека правилата ќе важат за сите, освен за јасно пропишани ситуации, како што се возила на Брза помош или МВР кои работат во оперативна процедура.

    Министерот посочи дека веќе биле казнети шофери на министри за направени сообраќајни прекршоци.

    „Биле казнети луѓе кои возеле министри, а внатре биле министри. Не сакам да ги специфирам, но најмалку три за кои јас знам,“ додаде тој.

    Тошковски нагласи дека и тој самиот, кога не е во рамките на утврдена процедура за највисоките државни функционери, ќе биде казнет ако направи прекршок.

    Министерот информираше дека МВР работи на ревидирање на постоечките патишта каде ќе бидат поставени безбедносните камери. Тој го оцени пробниот период, кој трае околу еден месец, како „критично важен“ за граѓаните да се запознаат со концептот, нагласувајќи ја потребата од намалување на бројот на жртви во сообраќајот.

    Популарно

    Фондот на ПИОМ со одлука за зголемување на средствата за исплата на посмртнина

    25.12.2025 во 22:46

    ВИДЕО: Отпуштените службеници од ДУИ си послале кревет во канцеларија во министерството

    25.12.2025 во 22:21

    Матични гинеколози наплаќале за ПАП-тест, ЕХО и други услуги што ги покрива Фондот, а некои не издавале ниту фискални сметки

    26.12.2025 во 13:36

    Мицкоски кон ДУИ: Вие донесовте одлука за бришење на балансерот, должите извинување на Албанците

    25.12.2025 во 12:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.