Close Menu
Press24
    Најново

    Тошковски потпиша договори за нови полициски станици во Кисела Вода и Илинден

    30.03.2026 во 14:23

    Добри вести за возачите: Горивата поевтинуваат

    30.03.2026 во 14:09

    Села: Владата го „кочи“ Коридорот 8

    30.03.2026 во 14:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тошковски потпиша договори за нови полициски станици во Кисела Вода и Илинден
    • Добри вести за возачите: Горивата поевтинуваат
    • Села: Владата го „кочи“ Коридорот 8
    • ЈКП Водовод Битола со едукативна презентација за Денот на водите – Учениците имаа можност да се запознаат со процесот на водоснабдување
    • Гостиварец со „БМВ“ возел во спротивна насока на автопат – полицијата го уапси
    • Среќен крај на потрагата на исчезнатото девојче: Полицијата среде ноќ ја пронајде 16-годишната скопјанка во стан во Гостивар
    • Славески предупредува: Геополитичките шокови го демнат денарот – Народната банка е во состојба на будност
    • Платите во животна средина растат: Потпишан историски колективен договор – еве колку ќе изнесува покачувањето
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Тошковски потпиша договори за нови полициски станици во Кисела Вода и Илинден

    Тошковски потпиша договори за нови полициски станици во Кисела Вода и Илинден

    30.03.2026 во 14:233 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Со Меморандумот се уредува начинот на меѓусебна соработка помеѓу институциите, со акцент на поефикасно спроведување на законските надлежности согласно Законот за урбанистичко планирање и Законот за градење, како и реализација на заеднички проекти од јавен интерес.

    Во рамки на оваа соработка, за првпат е предвидена изградба на полициска станица во Општина Илинден, како и изградба на нов објект на полициска станица во Општина Кисела Вода, што ќе придонесе за зголемено полициско присуство, побрза реакција и повисоко ниво на безбедност за граѓаните.

    Соработката ќе се реализира преку заеднички проектни активности за изградба на нови објекти предвидени во урбанистичките планови, како и преку други иницијативи од взаемен интерес.

    „Овој Меморандум претставува значаен чекор кон јакнење на институционалната соработка и создавање побезбедна средина за граѓаните. Со изградбата на нови полициски станици директно вложуваме во зголемување на безбедноста, но и во унапредување на квалитетот и достапноста на услугите што Министерството ги обезбедува. Нашата цел е да бидеме поблиску до граѓаните и да одговориме навремено и ефикасно на нивните потреби“, истакна министерот Тошковски.

    Со ваквите иницијативи Министерството за внатрешни работи продолжува со континуирани инвестиции во инфраструктурата и капацитетите, со крајна цел – повисоко ниво на јавна безбедност и поефикасни услуги за сите граѓани.

    Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција порача дека членството на Македонија во ЕУ носи конкретни придобивки за граѓаните и напредокот на државата. Филипче посочи дека европската интеграција значи подобар животен стандард, пристап до 40 милијарди евра фондови и сигурна иднина.

    „За македонскиот народ, членството во ЕУ значи интеграција како Македонци кои говорат македонски јазик, рамноправни во големото европско семејство. За сите наши граѓани, членството во ЕУ носи пари, носи пристапни фондови до 40 милијарди евра, поголеми плати, повисоки пензии, подобро образование, подобра инфраструктура, подобро здравство, и секако правда“, рече Филипче.

    Тој потенцираше дека Македонија е создадена да напредува, а не некој да ја краде и да ја држи изолирана како што тоа го прави владата на премиерот Мицкоски.

    „Македонија е создадена за да оди напред, да напредува, да биде слободна, демократска и европска земја. Македонија не е создадена за власта да ја краде, да го пљачка народот, и да ја држи во неизвесност. Ова е прашање за иднината на државата.Немаме децении за губење. Тоа се нашите животи, тоа се животите на нашите деца, и на нашите внуци“, рече Филипче.

    Воедно, на прес-конференцијата, Филипче порача дека борбата за европска иднина ќе продолжи со уште поголема решителност.  

    „Јас нема да дозволам, СДСМ нема да дозволи да ја снема оваа тема. Да ја снема желбата, да го снема сонот на нашите граѓани за Европа. Напротив ќе се борам, ќе се бориме уште посилно и уште по одлучно. Борбата допрва почнува, ќе ја вратиме нашата држава на европскиот колосек, како што ја внесовме во НАТО така ќе ја внесеме Македонија и во Европска Унија“, нагласи Филипче.

    Популарно

    Тошковски потпиша договори за нови полициски станици во Кисела Вода и Илинден

    30.03.2026 во 14:23

    Добри вести за возачите: Горивата поевтинуваат

    30.03.2026 во 14:09

    Села: Владата го „кочи“ Коридорот 8

    30.03.2026 во 14:00

    ЈКП Водовод Битола со едукативна презентација за Денот на водите – Учениците имаа можност да се запознаат со процесот на водоснабдување

    30.03.2026 во 13:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.