Пет лица се приведени во врска со нападот со нож во скопската населба Чаир, во кој тешко беше повредено 13-годишно дете, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Според него, сите учесници во инцидентот се обезбедени од полицијата, а повреденото дете е во многу тешка здравствена состојба и се бори за живот. Тошковски рече дека, според првичните информации, и осомничениот за нападот е малолетник и дека и тој и тешко повреденото дете се родени во 2012 година.

Министерот го оцени случајот како еден од најтешките предизвици поврзани со малолетничкото насилство и порача дека е потребен поширок институционален одговор.

Според него, во справувањето со ваквите случаи треба да бидат вклучени родителите, центрите за социјална работа, МВР, министерствата за социјална политика, образование и здравство, како и здравствените институции.

Exit mobile version