Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, во гостување на ТВ Алфа обелодени дека во македонскиот сообраќај постојат возачи со двоцифрен број на забрани, додека новиот систем „Безбеден град“ веќе со полна пареа ги лови прекршителите.

„Рекордери се двајца возачи кои имаат по дури 40 изречени забрани за управување моторно возило“, изјави Тошковски, анализирајќи ги податоците на МВР за последните четири години. Податоците покажуваат дека со две забрани се 7.987 возачи, додека 1.863 лица имаат по три правосилни пресуди.

Во однос на тековната состојба со камерите низ Скопје, вчера до 20 часот биле евидентирани 508 прекршоци. Најчестиот прекршок останува пречекорувањето на брзината, по што следуваат непочитувањето на семафорите и возењето нерегистрирани возила. Министерот потенцираше дека целта е преку овој систем да се воведе ред и да се зголеми безбедноста на патиштата.

Exit mobile version