Close Menu
Press24
    Најново

    Тошковски од Вашингтон: Стратешкиот дијалог со САД носи конкретни резултати за безбедноста

    07.04.2026 во 20:29

    Лишени од слобода седум лица – сузбиена организирана криминална група

    07.04.2026 во 20:15

    Техеран не се плаши од Трамп: Нашите ракети се веќе насочени кон стратешките цели

    07.04.2026 во 20:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тошковски од Вашингтон: Стратешкиот дијалог со САД носи конкретни резултати за безбедноста
    • Лишени од слобода седум лица – сузбиена организирана криминална група
    • Техеран не се плаши од Трамп: Нашите ракети се веќе насочени кон стратешките цели
    • Иран со застрашувачка порака: Ќе ја срамниме инфраструктурата во целиот регион ако Трамп нè нападне
    • Мисајловски: Партнерството со САД ќе продолжи да се развива како силен столб на нашата безбедност и стабилност
    • Драматично предупредување од Бахреин: Американската амбасада нареди итно засолнување
    • Јанев – Јанков: Безбедноста во сообраќајот во фокус, „Сејф сити“ до крајот на годината во Струмица
    • Франција ги осуди заканите на Трамп кон Иран
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Тошковски од Вашингтон: Стратешкиот дијалог со САД носи конкретни резултати за безбедноста

    Тошковски од Вашингтон: Стратешкиот дијалог со САД носи конкретни резултати за безбедноста

    07.04.2026 во 20:292 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски учествува во Стратешки дијалог Македонија – САД, кој се одржува во Вашингтон, каде што се одржува втората сесија од овој важен билатерален процес.

    Стратешкиот дијалог претставува значајна платформа за продлабочување на соработката меѓу Северна Македонија и Соединетите Американски Држави, со фокус на безбедноста, владеењето на правото и институционалниот развој.

    Во рамки на дијалогот, Министерството за внатрешни работи става силен акцент на зајакнување на граничната безбедност, борбата против организираниот криминал, нелегалната миграција и трговијата со дрога, како и унапредување на разузнавачката соработка со партнерските служби.

    „Стратешкиот дијалог со Соединетите Американски Држави е важен процес што носи конкретни резултати за безбедноста на нашите граѓани. Преку ова партнерство обезбедуваме посигурни граници, поефикасна борба против криминалот и модерни, отпорни институции“, истакна министерот Тошковски.

    Особено значајна е поддршката од страна на САД во износ од над 3,5 милиони долари, наменета за јакнење на капацитетите на Министерството за внатрешни работи, што претставува директна инвестиција во безбедноста на државата.

    Паралелно, се работи и на унапредување на сајбер безбедноста преку техничка поддршка, обуки и модернизација на системите, со цел поефикасна заштита на институциите и критичната инфраструктура.

    Соединетите Американски Држави остануваат најважен стратешки партнер на државата и силен сојузник во зајакнувањето на безбедноста, стабилноста и демократските капацитети.

    Популарно

    Тошковски од Вашингтон: Стратешкиот дијалог со САД носи конкретни резултати за безбедноста

    07.04.2026 во 20:29

    Лишени од слобода седум лица – сузбиена организирана криминална група

    07.04.2026 во 20:15

    Техеран не се плаши од Трамп: Нашите ракети се веќе насочени кон стратешките цели

    07.04.2026 во 20:00

    Иран со застрашувачка порака: Ќе ја срамниме инфраструктурата во целиот регион ако Трамп нè нападне

    07.04.2026 во 19:41
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.