Close Menu
    Најново

    Муцунски: Ахмети живее во времето од пред 20 години

    23.12.2025 во 12:44

    Од 1 јануари повисоки сметки за струја за 70 денари

    23.12.2025 во 12:33

    Цветановски: Нема поголема минимална плата, доаѓаат „економски работници“

    23.12.2025 во 12:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Муцунски: Ахмети живее во времето од пред 20 години
    • Од 1 јануари повисоки сметки за струја за 70 денари
    • Цветановски: Нема поголема минимална плата, доаѓаат „економски работници“
    • Петрушевски: ЕСМ било третирано како партиски плен на СДС и ДУИ, затоа ќерката на Талат Џафери била дел од Надзорниот одбор
    • Мицкоски: Националната развојна стратегија 2024 – 2044 е документ кој ја дефинира визијата на државата во следните две децении
    • Судиите и обвинителите повторно бараат повисоки плати преку Уставниот суд
    • Поскапува струјата
    • Исчезна скопјанец: Семејството побара помош од граѓаните
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Тошковски на средба со новоакредитираниот амбасадор на Кралството Шведска во Македонија

    Тошковски на средба со новоакредитираниот амбасадор на Кралството Шведска во Македонија

    29.09.2025 во 15:16
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Министерот за внатрешни работи денеска имаше средба со новоакредитираниот амбасадор на Кралството Шведска во Република Северна Македонија, Ола Солстром.

    На средбата беше потврдено традиционалното пријателство и долгогодишната успешна соработка меѓу двете земји, заснована на доверба и партнерство. Министерот изрази благодарност за континуираната поддршка што Владата на Кралството Шведска ја обезбедува – како во процесот на зајакнување на капацитетите на македонската полиција преку шведската полиција, така и во насока на европските интеграции на државата, соопшти МВР.

    Амбасадорот Солстром ја поздрави посветеноста на Владата и Министерството за внатрешни работи во борбата против криминалот и корупцијата и се заблагодари за придонесот на МВР во одржувањето на мирот, стабилноста и безбедноста во државата.

    На средбата беше нагласено и значењето на заедничкиот проект „Шведска поддршка за полициските реформи“, кој се реализира со финансиска поддршка на Шведската меѓународна агенција за развојна соработка (SIDA) во времетраење од три години, како уште еден јасен показател за успешното партнерство меѓу двете земји, се вели во соопштението од МВР.

    Популарно

    Каде ви се капите и шалчињата: Снегот доаѓа

    23.12.2025 во 10:18

    Ахмети: Јас ја уништив Југославија

    22.12.2025 во 22:03

    Грците тестираат специјални сообраќајни камери, ловат се „живо“: За 4 дена регистрирани повеќе од 2.000 прекршоци

    22.12.2025 во 09:59

    Печалбарите се враќат дома за празниците – за два дена над 30 000 влегле само на Табановце

    23.12.2025 во 10:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.