Главниот штаб за кризи денеска во 15 часот ќе одржи седница во просториите на Центарот за управување со кризи (ЦУК), посветена на состојбата со водата во Гостивар.
На седницата ќе присуствува раководителот на Управувачкиот комитет и министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, заедно со претставници на сите релевантни институции и фактори вклучени во справувањето со кризата предизвикана од состојбата со водата од градскиот водовод во Гостивар.
По завршувањето на седницата, во 15:30 часот е предвидена изјава за медиумите.


