Close Menu
    Најново

    Тошковски: Драстично е намален бројот на жртви во сообраќајки со Сејф сити

    20.01.2026 во 20:41

    Земјоделците се судрија со полицијата – хаос пред ЕП во Стразбур

    20.01.2026 во 20:19

    Јаневска: Претпоставувам новиот заменик-министер за образование ќе биде од Вреди

    20.01.2026 во 19:59
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Тошковски: Драстично е намален бројот на жртви во сообраќајки со Сејф сити
    • Земјоделците се судрија со полицијата – хаос пред ЕП во Стразбур
    • Јаневска: Претпоставувам новиот заменик-министер за образование ќе биде од Вреди
    • Не им избега: Полицајците го фатија возачот што возел 293 км/ч и се фалеше на социјалните мрежи
    • Стојановски до судиите: Сфатете веќе – криминалот не е испалтлив
    • Дијалог за инвестиции и нови порти за развој: Мицкоски на панел заедно со американскиот секретар за енергетика
    • Му пукнал капилар: Макрон одржа говор во Давос со очила за сонце
    • Ваљбон Лимани официјално го започна мандатот како градоначалник на Гостивар
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Тошковски: Драстично е намален бројот на жртви во сообраќајки со Сејф сити

    Тошковски: Драстично е намален бројот на жртви во сообраќајки со Сејф сити

    20.01.2026 во 20:41
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Горд сум на граѓаните затоа што имаме драстично намалување на бројот на жртви во сообраќајни несреќи во Скопје откако почна пробниот период на “Безбеден град”, рече министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во вечерашното гостување во дневникот на телевизија Сител.

    “Сакам да им се заблагодарам на граѓаните затоа што докажаа дека без казни успеаја бројот на загинати да го намалат од 11 на два смртни случаи во периодот декември-јануари, споредено со декември 2024-јануари 2025 година. Бројот на повредени граѓани на територијата на СВР Скопје за овие 50 дена колку што функционира “Безбеден град” е намален за 35 посто”, истакна министерот Тошковски.

    Тој потенцира дека целта на проектот „Безбеден град“ е да ја зголеми безбедносната култура на граѓаните, а како последица на тоа да имаме колку што е можно помалку сообраќајни прекршоци, колку што е можно помалку повредени и најважно од се, колку што е можно помалку човечки жртви.
    „Почнавме од 100.000 прекршоци дневно, но сега се драстично помалку. Сепак, се уште станува збор за голема бројка”, рече Тошковски.
    Тој појасни дека “Безбеден град” ќе санкционира четири прекршоци.

    „Системот „Безбеден град“ ќе констатира минување на црвено светло, возење со брзина над дозволената, неправилно паркирање и нерегистирани возило. Многу е важно да знаеме дека ние оваа придобивка на паметните камери ја имаме наназад 15 години. Министерството за внатрешни работи повеќе од 15 години ги користи во рамки на својата оперативна и криминалистичка дејност од аспект на откривање на сторен криминал. Секако дека камерите ќе бидат користени и за конкретни кривични дела кои што се потребни да се откријат, истакна министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, дополнувајќи дека платниот налог ќе може да биде регулиран електронски, традиционално во банка или во било која полициска станица, како и на сите електронски апликации на банките.

    „Ќе има и посебна апликација која што ќе биде изготвена од страна на МВР и ќе биде овозможена да се користи од страна на граѓаните, каде што со посебна заштита и автентификација на корисникот ќе се осигураме дека станува збор за таа личност дека ја користи апликацијата, ќе добие соодветни информации на меил адресата и на телефонскиот број што го оставила личноста и ќе може да се најави на предметната апликација. На таа апликација ќе може да се изврши уплата, да изврши увид на сите санкции кои се изречени итн.“, рече министерот Тошковски. 

    Популарно

    Македонец падна на измамата со СМС пораките од „Пошта“: Му ја испразниле сметката со 90.000 денари

    17.01.2026 во 13:17

    Николоски за Водици: Охрид блесна со 20.000 посетители, честитки до најсреќниот фаќач на крстот

    19.01.2026 во 12:15

    МВР со детали за заѕиданите 350.000 евра: Ги криел во алумиумски ролни во кујна

    20.01.2026 во 16:28

    Утре подгответе се за снег: Се очекува покривката да се зголеми до 25 сантиметри

    20.01.2026 во 17:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.