Топлотен бран донесе пеколни температури и над 40 степени- УХМР со информација до кога ќе трае

 

Под влијание на многу топла воздушна маса од југ до 6 август продолжува периодот на стабилно и исклучително многу топло време со натпросечни температури за овој период од годината. Aктивирано e портокалово ниво на опасност од високи температури, а вредноста на УВ индексот изнесува 9. Наместа долж Повардарието температурата ќе го надмине и 42-тиот степен, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Времето утре ќе биде сончево и многу топло. Утринските температури ќе се движат од 14 до 24 степени, а дневните од 33 до 42 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и многу топло со утринска температура до 20 степени, а дневна до 42 степени. 

29.07.2021 - 14:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега