УХМР ги објави температурите во 11 часот во Македонија. Најтопло е во Гевгелија, каде се измерени 22 степени, додека најниска температура има на Попова Шапка, каде се измерени само 9 степени.

Во Скопје се измерени 21 степени, а истото важи и за Струмица.

Во Крушево се измерени 13 степени, Лазарополе, Берово, Радовиш и Маврови Анови 14, Охрид 16, Претор 17, Прилеп 18 степени, Крива Паланка 17.

Во Кавадарци се измерени 20, додека во Демир Капија и Велес 21 степени.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на поединечни места ќе има и грмежи.

Локално се очекуваат поинтензивни временски процеси, проследени со невреме, пообилен пороен дожд (над 20 литри на квадратен метар), електрични празнења, силен ветер и појава на град.

Exit mobile version