Топло и спарно утро, а попладне невреме- метеоролозите од утре најавуваат промена

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се движи од 14 до 21, а максималната од 26 до 32 степена.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со повремен пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне 29 степени.

Од понеделник ќе преовладува сончево и потопло време, а во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на дожд и грмежи.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.08.2020 - 09:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега