Топлата облека нека ви биде при рака: Метеоролозите со детална временска прогноза за наредните неколку дена- најавен и снег

Претпладне времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, околу пладне и попладне облачноста ќе се зголеми. Доцна попладне и кон крајот на денот почнувајќи од југозапад ќе има врнежи од дожд.

На планините во западните делови ќе врне снег. Ќе дува слаб до умерен, во горниот тек на Повардарието северен, а во јужните делови источен и југоисточен ветер.

Дневните температури ќе достигнат во Скопје 15 Целзиусови степени, Маврово 7, Охрид 11, Битола 13, Крива Паланка 12, Берово 11, Кавадарци 15, Дојран 17.

За утре прогнозата е претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни во северните делови. На планините на северозапад ќе врне снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Во недела времето ќе биде променливо облачно, во утринските часови и попладне со локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Во понеделник времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. На места врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи, особено во источните делови од земјава.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.04.2021 - 08:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа