Close Menu
Press24
    Најново

    Властите ги мобилизираат сите капацитети против западнонилската треска: Воведени вонредни контроли и СМС-препораки

    17.08.2026 во 14:12

    Тројца убиени во пукотница во шпанско одморалиште, меѓу нив бремена жена и дете

    17.08.2026 во 13:55

    Нови седум осомничени за транспорт на марихуана од Македонија во Србија

    17.08.2026 во 17:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Историско судење: Ако „Мета“ го загуби спорот, Instagram и Facebook би можеле засекогаш да се променат
    • Трамп: Разговарав со Ким Џонг Ун – „Тој ме разбира мене, јас го разбирам него“
    • Пентагон склучи договор од 22,9 милијарди долари за ракети „Томахавк“
    • Започна исплатата на „Мој ДДВ“ – проверете ги сметките
    • Канада пред нов удар: САД воведуваат царини од 50 проценти во средa
    • Мицевски: Започна проектот за постабилно водоснабдување
    • Вонредно прскање против комарци во Ѓорче Петров
    • Почнува судењето за убиството на Тупак
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Тоневски: Со глас за број 9, Пробиштип добива нов правец, проекти за младите и развој на туризмот

    Тоневски: Со глас за број 9, Пробиштип добива нов правец, проекти за младите и развој на туризмот

    27.10.2025 во 19:202 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    На вечерашниот мини-митинг во општина Пробиштип, во рамки на вториот круг од локалните избори кои ќе се одржат на 2 ноември, се обрати кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Тоневски кој истакна дека во Пробиштип е потребна промена после 8 години апатија и уништување на градот, потенцирајќи дека новиот правец во кој ќе се движи општината ќе биде развиен, вистински и долгорочен со реализација на многу проекти кои ќе донесат развој и напредок на Пробиштип.

    -Во првиот круг жителите на Пробиштип беа јасни, покажавте верба храброст и желба за промени, освоивме стабилно мнозинство во советот и сега сигурно со дигната глава одиме на уште поголема победа. Вие граѓаните ја препознавте програмата што значи работа, развој и сигурна иднина. Вие граѓаните го направивте вистинскиот избор за нашиот Пробиштип. Осум години стоевме во место, наместо да броиме нови индустриски погони, работни места, водоводи, ние броевме изгаснати светла во домовите. Затоа минатата недела Пробиштип испрати јасна порака, доста беше стагнација, уназадување и апатија, време е за нов правец, развиен, вистински, долгорочен, рече Тоневски.

    Кандидатот за градоначалник на општина Пробиштип посочи дека програмата е сеопфатна и е сработена заедно со граѓаните, со нивни предлози и идеи, со што ќе се инвестира во секој дел од општината, со проекти за младите да останат во својот роден град како и инвестиции во областа на туризмот, спортот и индустријата.

    -Многу ми е важно нашиот град да има иднина, нашиот Пробиштип заслужува многу повеќе, ние не ветуваме чуда ние ветуваме само работа, ветуваме развој, ветуваме иднина. Во програмата се влезени вашите идеи, оваа програма е победничка, заедно ја пишувавме заедно ќе ја реализираме, ќе започнеме со нова урбанизација, нова населба за изградба на куќи и нова индустриска зона исклучиво за незагадувачка индустрија. Ќе создадеме услов за нови работни места и повисоки плати, нашиот фокус се младите, младите ќе имаат бесплатен канцелариски простор доколу сакаат да започнат сопствен бизнис и бесплатни проекти за типски куќи. Голем дел од младите ќе можат да ја градат својата кариера и во туристичката дејност затоа што инвестициите во Лесново и Пониква ќе бидат големи, ќе изградиме детско одморалиште на Пониква, ново одбојкарско игралиште, Пробиштип ќе добие и нов градски базен, вели Тоневски.

    Прочитај повеќе

    Мицевски: Започна проектот за постабилно водоснабдување

    17.08.2026 во 22:11

    Велјановски ги најави новите странски инвестиции во ТИРЗ зоните низ Македонија

    17.08.2026 во 11:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.