Потребно е да се набави нов државен авион кој ќе се користи за службени и државни потреби, изјави денес директорот на Службата за општи и заеднички работи, Ивица Томовски.
Тој вели дека ако земјата сака сериозен имиџ на меѓународно ниво, мора да има соодветна опрема и превозни средства.
„Се разгледуваат можности за купување и финансирање на авион со поголем капацитет, односно купување на авион со најмалку 14 седишта, како и можност за медицински транспорт кога е потребно.“
„Државата, ако сакаме да бидеме сериозни, мора да има сериозен имиџ, сериозни возила и сериозен авион“, рече Томовски.
Тој додаде дека авионот што го имаме е стар, често се расипува и има мал капацитет. Има само 6 седишта, што не е соодветно за превоз на голема државна делегација.

