Утре во земјава ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди, а во претпладневните часови ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, кој локално ќе надминува 60 km/h, особено вдолж Повардарието.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 1 степен, а максималната ќе достигне 9 степени.
Утринските температури на повеќе места ќе бидат околу и под нулата, додека преку денот ќе се искачуваат од 3 до 11 степени. Најтопло ќе биде во Гевгелија (до 11°) и Демир Капија (до 10°), а најстудено на планинските места, каде температурите ќе останат околу нулата.


