Тодоров: Уставни измени ќе има, прашање е дали пред или по избори
Македонија ќе мора да ги вметне Бугарите во Уставот, прашањето е дали тоа ќе се случи пред или после избори. Во следните неколку месеци ќе се кристализира дали Мицкоски ќе прерасне во лидер кој ќе ја води нацијата или пак ќе мора да замине со бремето на човек кој ја оставил ВМРО-ДПМНЕ најдолго време во опозиција, изјави за Слободен Печат, Никола Тодоров, поранешен висок фукнкционер во ВМРО-ДПМНЕ и министер во владата на Никола Груевски.
Тодоров нема речиси никакви дилеми дека Македонија ќе продолжи на „патот кон Запад, што одамна го имаме одбрано“, а дека сѐ останато е резултат на некој „инает предизвикан од моментното незадоволство од политичките елити“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа