Точете гориво: Од полноќ нафтените деривати со најниски цени во последните неколку години


Регулаторната комисија за енергетика вчера донесе одлука со која бензинот и дизелот поевтинија.

Според одлука, Еуросупер 95 поевтини за половина денар и сега ќе се точи за 74 денари литар.

За 2 денари по литар поевтини и  Еуросупер 98 и неговата нова цена е 76,5 денари.

Дизелот од полноќ поевтини за 1 денар по литар и се точи по 68,5 денари.

Ова е најниска цена на горивата во последните неколку години.

11.09.2024 - 09:04

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега