Тлото во Штип не мирува, регистриран уште еден земјотрес

 

 

Tлото во Штип со денови не мирува.

Утрово во 11.31 минути, регистриран е земјотрес од 1,9 степени според Рихтеровата скала, а потекнува од епицентралното подрачје Св. Николе – Штип.

Земјотресот, според информациите од сеизмолошката опсерваторија, бил почувствуван од населението во Штип и околината.

Земјотрес од три степени го погоди истото подрајче пред два дена, по што и вчера беше регистриран потрес од 2,5 степени според Рихтеровата скала.

По земјотресите, нема информации за причинети материјални штети.

31.03.2023 - 12:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега