Тивко на Блискиот исток: Се почитува примирјето меѓу Израел и Хамас

До денеска се почитува прекинот на огнот меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа. Официјалните лица тврдат дека египетските посредници од двете страни се обидуваат да постигнат подолготраен договор за прекин на огнот

 

Примирјето почна во вчера рано наутро, во 2 часот, со што заврши 11-дневното гранатирање кое го потресе Израел и предизвика ново уништување на Газа.

Египет, земјата која посредуваше во завршувањето на конфликтот со помош на САД, во петокот околу пладне испрати делегација во Израел да разговара за зајакнување на примирјето, вклучувајќи и испраќање помош за Палестинците во Газа, изјавија претставници на Хамас за британскиѕте медиуми.

Делегатите оттогаш посредуваат меѓу Израел и Газа, додека преговорите продолжија и денеска, соопштија палестинските власти.

И покрај вчерашните судири меѓу израелската полиција и палестинските демонстранти во Ерусалим, од денеска изутрина нема извештаи за ракетни напади на Хамас од Газа или израелски воени напади врз енклавата.

Американскиот претседател, Џо Бајден, пред два дена изјави дека Вашингтон ќе работи со Обединетите нации на доставувањето хуманитарна помош во Газа, како и помош во градењето, со внимателност оваа помош да не се користи за вооружување на Хамас, движење кое Западот го смета за терористичко.

22.05.2021 - 13:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега